• недела, 22 декември 2024

Рафа Мир ги негираше обвинувањата за сексуално насилство

Рафа Мир ги негираше обвинувањата за сексуално насилство

Валенсија, 5 септември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Валенсија, Рафа Мир ги отфрли обвинувањата за сексуално насилство. Ова се случи само еден ден откако тој беше ослободен од притворот, во кој се најде во понеделникот.

-Рафа Мир категорично ги отфрла обвинувањата против него. Истрагата ќе ги разјасни околностите и ќе покажеме дека тие се неодржливи, изјави неговиот адвокат Хаиме Кампањере, цитиран од шпанските медиуми.

Судот во Шпанија објасни дека наводите за насилство вклучуваат и сексуален чин. Фудбалерот на Валенсија, кој има играно и за Севиља и Вулверхемптон, во текот на истрагата доби забрана да ја напушти Шпанија. Добил одмор до крајот на неделата, а од понеделник ќе продолжи со тренинзите.

Минатата година во Шпанија сличен скандал имаше и со уште еден фудбалер - играчот на Селта Виго Санти Мина, кој, сепак, беше осуден на четири години затвор, а договорот со Галицијанците му беше раскинат. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан