Ратко Радовановиќ и Пау Гасол нови членови на кошаркарската Куќа на славните на ФИБА
- Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) на свечена церемонија во Бахреин прими седум нови членови во своја Куќа на славните, меѓу кои најзвучни имиња се легендарниот југословенски кошаркар Ратко Радовановиќ и двократниот НБА првак, Шпанецот Пау Гасол.

Манама, 18 мај 2025 (МИА) – Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) на свечена церемонија во Бахреин прими седум нови членови во своја Куќа на славните, меѓу кои најзвучни имиња се легендарниот југословенски кошаркар Ратко Радовановиќ и двократниот НБА првак, Шпанецот Пау Гасол.
Нови членови на Куќата на славни на ФИБА се и Алфонсо Биле (Брегот на Слонова коска), Ендрју Богут (Австралија), Леонор Борел (Куба), Ел Катиб (Либан), Тиша Пишеиро (Португалија) и Даун Стејли (САД).
Единствениот тренер кој оваа сезона влее во Куча на славните е прославениот американски селектор Мајк Кжижевски. ег
ФОТО: ЕПА