• сабота, 21 декември 2024

Распишан конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Распишан конкурсот за наградата „Живко Чинго“
Охрид, 6 јули 2022 (МИА) - Општина Охрид денеска распиша конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ. Право на учество, како што стои во објавата, имаат сите полнолетни граѓани на земјава. - Заинтересираните своите трудови треба да ги достават најдоцна до 29 јули годинава, во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурост за расказ“. Авторското право се докажува со четвртиот примерок, стои во информацијата на Општина Охрид. Жири – комисијата ќе ги објави резултатите во дневниот печат најдоцна до 5 август оваа година. Нарадата изнесува 30.000 денари, а ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти. сс/мд/

Остани поврзан