• сабота, 17 јануари 2026

Распадори се врати во Калчо лигата

Распадори се врати во Калчо лигата


Бергамо, 16 јануари 2026 (МИА) – Напаѓачот на италијанската фудбалска репрезентација Џакомо Распадори (25) се врати во татковината и потпиша договор со Аталанта до лето 2030 година.
Откако ја освои титулата во италијанското првенство со Наполи минатата сезона, Распадори се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето во трансфер вреден 26 милиони евра.
Сепак, во првата половина од оваа сезона, Распадори постигна само два гола на 15 настапи и не успеа да обезбеди место во стартната постава на Атлетико.
Трансферот на Распадори од Атлетико во Аталанта се проценува на 25 милиони евра. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан