• недела, 22 декември 2024

Расел излета од патеката на вториот тренинг за Големата награда на Мексико

Расел излета од патеката на вториот тренинг за Големата награда на Мексико

Мексико Сити, 26 октомври 2024 (МИА) - Вториот тренинг на Големата награда на Мексико беше прекинат во 13. минута поради црвени знамиња.

Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел имаше несреќа на работ од осмата кривина, удри во преградата. Пилотот сам го напушти болидот кој беше отстранет од патеката.

Дваесет и петгодишниот Британец, кој беше прв на првиот тренинг, успеа да комплетира само четири круга. Тој имашње 19. резултат - 1 минута 19.041 секунди.

Поради замена на заштитната ограда имаше прекин повеќе од 20 минути.

Вечер од 23 часот се квалификациите, додека главата трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мексико ќе се вози утре од 21 часот. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан