• недела, 22 декември 2024

„Ранкер“: Листа од најдобрите психолошки трилери

„Ранкер“: Листа од најдобрите психолошки трилери
Лос Анџелес, 5 март 2021 (МИА) - Оскаровскиот „Кога јагнињата ќе стивнат“ од 1991 година е најдобриот психолошки трилер во историјата на филмот, според порталот „Ранкер“. https://www.youtube.com/watch?v=RuX2MQeb8UM По морничавиот хорор-трилер со оскаровците Џоди Фостер и Ентони Хопкинс во главните улоги, следат „Седум“ (1995 година, со Бред Пит и Морган Фримен), како и „Сјаење“ (1980, со Џек Николсон). https://www.youtube.com/watch?v=znmZoVkCjpI Наредни на листата се: „Шесто сетило“ (1999), „Мизери“ (1990), „Островот Шатер“ (2010) и „Психо“ (1960). https://www.youtube.com/watch?v=XHQ9CPRfDsw https://youtu.be/qtRKdVHc-cE Од осмо до 10. место се наоѓаат „Боречки клуб“ (1999), „Вообичаените осомничени“ (1995) и хорор-класиката „Истерувач на ѓаволот“ (1973). си/ми/

Остани поврзан