• недела, 22 декември 2024

Рама: Ние сме на страната на САД

Рама: Ние сме на страната на САД
Тирана, 3 јануари 2020 (МИА) - По американскиот воздушен напад во Багдад, во кој беа убиени иранскиот генерал Касем Сулејмани и командантот на ирачките шиитски милиции, Абу Махди ал – Мухандис, вечерва реагираше и албанскиот премиер Еди Рама, јави дописничката на МИА од Тирана. Тој во статус на Твитер изразува целосна подршка за САД, наведувајќи дека „Албанија е на страната на САД“. „Како земја што неодамна ја призна неправедната активност на Иран против слободниот свет и јасно се дистанцира од неа, Албанија не може енергично да не го одобри ставот на претседателот Трамп против еден злонамерен активист на режимот на Техеран. Ние сме посветени на САД и се надеваме дека сите ќе го направат тоа, напиша Рама. Претходно, најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), преку соопштение ја искажа поддршката за „ангажираноста на САД во борбата против тероризмот“. „Одлуката на претседателот Трамп за напад врз еден од архитектите и предводниците на терористички активности е силен чин на лидерство и заштита на демократските вредности и мир. Демократската партија, сега во опозиција, а утре на власт, во секое време, е на страната на САД, се наведува во соопштението на ПД објавено на Твитер. вт/

Остани поврзан