• сабота, 16 ноември 2024

Рама: Политичарите на Косово мора да докажат со дела дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ

Рама: Политичарите на Косово мора да докажат со дела дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ

Тирана, 29 јуни 2023 (МИА) - По веста дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го подржува предлог  на албанскиот премиер Еди Рама за решавање на тензиите меѓу Косово и Србија преку конференција на високо ниво,  реагираше Рама кој на Твитер напиша дека "ова е добра вест за имплементација на француско-германскиот план меѓу Косово и Србија".

-Добра вест е напредокот на идејата за конференција на највисоко ниво, без краен рок, до постигнување целосен договор за спроведување на француско-германскиот план меѓу Косово и Србија, кој денеска беше поддржан од самиот претседател Шарл Мишел,  пишува Рама.

Додава  дека целиот конфликт секогаш дополнително се деградира, бидејќи несогласувањата се уште продолжуваат.

- Нашиот регион не може да биде вовлечен во еден сосема бесмислен, апсурден конфликт, каде се поигрува со огнот на национализмот, произведувајќи секојдневно причини за борба, со постапки и непостапувања, обвинувања и контраобвиненија, кои секојдневно ја деградираат ситуацијата на северот на Косово и ја поткопуваат градбата изградена со толку напори на регионална соработка, нагласува Рама.

Посочува дека политичарите на Косово мора да се покажат со дела, а не со зборови, дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ.


-Политичарите на Косово мора да докажат денес, со дела, а не со зборови, дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ, а Косово не може да биде несвесното ткиво на кое се проектираат тие соништа, додека некои од нив изгледаат дека сликаат херојска слика за историјата,  оценува Рама во објава на Твитер постирајќи фотографија од средбата со Мишел во Брисел.


Според него, денеска, кога во Брисел, во работната агенда на Комисијата е подготовката на нов план за финансиска и економска поддршка на земјите од нашиот регион, кога Албанија се подготвува да биде домаќин на Првиот самит на Берлинскиот процес во Западен Балкан, кога "сите ние мора да бидеме обединети, да го унапредиме овој витален процес за нашата заедничка европска иднина, зајакнувајќи ги нашите врски, нашите економии, нашиот заеднички пазар, северот на Косово му нуди на светот прикажување на црно-бел филм на стариот Балкан, што може само да ги забавува циничните гледачи на истокот од границите на Европската унија". вт/

Остани поврзан