Рама во Унијата на ЦСУ: Албанија и помага на Италија со мигрантите, го одработуваме нашиот дел за овој проблем на ЕУ, од која сакаме да бидеме дел
- Албанскиот премиер Еди Рама денеска беше во посета на Баварија, Германија, на покана на баварскиот премиер Маркус Седер, како учесник на традиционалниот состанок на почетокот на годината на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), каде раководството на Унијата ги презентира европските предизвици.
Тирана, 18 јануари 2024 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама денеска беше во посета на Баварија, Германија, на покана на баварскиот премиер Маркус Седер, како учесник на традиционалниот состанок на почетокот на годината на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), каде раководството на Унијата ги презентира европските предизвици.
По средбата со пратеничката група на ЦСУ, премиерот Рама одржа заедничка прес-конференција со баварскиот премиер Содер, со претседателот на пратеничката група на ЦСУ Клаус Холечек и со пратеникот во Европскиот парламент, Манфред Вебер.
Задржувајќи се на прашањето за илегалната имиграција, Рама оцени дека „Албанија не е решението, но Албанија може да го заврши својот дел да придонесе за ова решение, како и секоја европска земја“.
-Ние сме тука, сакаме да бидеме дел од решението, сакаме да дадеме дел од трудот. Мора да го направиме својот дел за да придонесеме за ова решение, бидејќи овој предизвик бара одговор ширум Европа. И помагаме на Италија за имигрантите, го даваме нашиот дел на придонес за овој проблем на ЕУ. Ние не сме ЕУ, но ние сме Е без Б, така што никој не може да одлучи наместо нас, дали сме Европејци или не затоа што ова е веќе одлучено од семоќниот Бог и од географијата што не стави меѓу Европа и ЕУ е единствената реалност во историјата на мапите со надворешни и внатрешна граница. Друга слична реалност немало во историјата, оцени тој.
Додаде дека земјата сака да бидеме целосно дел од европското семејство, и нагласил дека за тоа „мора да си ја завршиме работата, и да правиме добри работи во многу области“.
Исто така посочи дека во Баварија живеат илјадници Албанци и дека не можат да бидат поблагодарни и поисполнети од тоа, дека се дел од економијата и напорите на баварската заедница.
За оние кои не знаат, потсети тој, Франц Јозеф Штраус пред 40 години ја посети Албанија, целосно изолирана, во време кога „ние бевме Северна Кореја во Европа а неговата посета беше една светла трошка надеж“. вт/ссм/