Рама бара од ЕУ под итно укинување на санкциите кон Косово и нов формат на дијалог меѓу Косово и Србија
- „Европската унија треба веднаш да ги отстрани преостанатите санкции против Косово и да се вклучи во нов формат на дијалог за нормализација меѓу Косово и Србија. Постојниот формат не ги даде посакуваните резултати и време е прашањата за дијалог да поминат низ билатералните односи на ЕУ со Косово или Србија, како две подеднакво независни држави, каде што европската судбина на секоја држава не може да зависи од тоа дали и се допаѓа или не на другата држава; исто како што европската судбина на целиот регион не може да зависи од непризнавањето на Косово од Србија или пет земји-членки на ЕУ“, наведува Рама во објава на платформата „Х“.
Тирана, 30 ноември 2024 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама по синоќешната експлозија во каналот Ибар-Лепенец, во Зубин Поток, бара Европската унија веднаш да ги отстрани преостанатите санкции кон Косово и повторно да се вклучи во нов формат на дијалог за нормализација меѓу Косово и Србија, бидејќи „постоечкиот формат на дијалогот меѓу двете земји не ги даде посакуваните резултати“.
„Европската унија треба веднаш да ги отстрани преостанатите санкции против Косово и да се вклучи во нов формат на дијалог за нормализација меѓу Косово и Србија. Постојниот формат не ги даде посакуваните резултати и време е прашањата за дијалог да поминат низ билатералните односи на ЕУ со Косово или Србија, како две подеднакво независни држави, каде што европската судбина на секоја држава не може да зависи од тоа дали и се допаѓа или не на другата држава; исто како што европската судбина на целиот регион не може да зависи од непризнавањето на Косово од Србија или пет земји-членки на ЕУ“, наведува Рама во објава на платформата „Х“.
Според него, синоќешната експлозија е саботажа, криминален напад, тешко кривично дело, кое треба што поитно да се расветли а сторителите казнети, со поддршка на меѓународните партнери.
Осуда за „терористичкиот напад“ изрази и лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, оценувајќи го како „типично сценарио за мала Русија (Србија), која бара по секоја цена дестабилизација на Косово“.
-Овие дела се сериозно обвинение за Белград, кој по секоја цена бара нова зона на конфликт, бара по секоја цена, дестабилизација на Косово. Оваа ситуација е во најдобар интерес за Кремљ, кој сака, покрај воениот трон во агресијата што ја направи врз Украина, да има уште еден конфликт на Балканот, но во негови интереси, рече Бериша, на прес-конференција.
Остра осуда, од затворски притвор, каде се наоѓа, искажа и лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета според кого „овој криминален и терористички напад, кој имаше за цел да ја оштети критичната инфраструктура и меѓу најважните на Косово, доаѓа од банди диригирани и оркестрирани од Србија“. вт/сд/