Ралповски: Тука сме да го потврдиме она што го преговараме скоро неполна година
- -Денеска сме тука да го потврдиме она што го преговараме скоро неполна година. Ова покачување во некоја поразлична форма требаше да се случи уште минатата година, но ете не се случи од 1 мај. Пред месец-два почнавме повторно преговори и ја најдовме оваа формула што треба да ја ставиме во поединечните колективни договори и вработените во администрацијата да го добијат она што навистина го заслужуваат. Членот 47 ја објаснува платата и коефициентот, но сега излезе на виделина она што го кажавме ние уште во 2023 година, кога се потпишуваше Општиот колективен договор. Во тој член, во ставот 4, пишува дека коефициентот не може да биде поголем од номиналниот раст на БДП, па така, не е 12,5 како што се зборува, туку е многу помал. Спогодбите што ги потпишувавме во образованието, здравтството и администрацијата се поповолни од тој член во Општиот колективен договор, а законот вика - „зе зема тоа што е поповолно“, изјави Ралповски.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.