Ракометарот Богдан Радивојевиќ нов член на РК Еурофарм Пелистер
- Од РК Еурофарм Пелистер информираат дека десното крило Радивојевиќ потпиша едногодишен договор со македонскиот ракометен шампион, а во Битола доаѓа како етаблиран ракометар кој 13 години по ред игра во Лигата на шампионите.

Битола, 30 август 2023 (МИА) - Српскиот ракометен репрезентативец и поранешен европски првак, Богдан Радивојевиќ, е нов член на Еурофарм Пелистер.
Од РК Еурофарм Пелистер информираат дека десното крило Радивојевиќ потпиша едногодишен договор со македонскиот ракометен шампион, а во Битола доаѓа како етаблиран ракометар кој 13 години по ред игра во Лигата на шампионите.
Радивојевиќ во својата ракометна кариера настапувал за ПИК Сегед, Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен.
Официјалното претставување на Радивојевиќ е предвидено на почетокот на месец септември. мт/ар
Фото: РК Еурофарм Пелистер