• понеделник, 16 март 2026

Ракометарите на Охрид утре го дознаваат противникот во 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Охрид утре го дознаваат противникот во 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот куп

Виена, 23.февруари 2026 (МИА) – Осум екипи од осум различни држави изборија пласман во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп, а меѓу нив е и македонскиот претставник Охрид. Охриѓани оваа сезона играат одлично во европското натпреварување, а тоа го потврдија и со двете победи во осминафиналето против чешката екипа Дукла Прага.

Извлекувањето на четвртфиналните двојки ќе се одржи утре со почеток во 11 часот во Виена.

Покрај македонскиот претставник во четвртфиналето сè уште: Олимпијакос од Грција (финалист во ова натпреварување од 2024); Цеље од Словенија (поранешен европски првак); Извиѓач од Босна и Херцеговина (полуфиналист од ланската сезона); Бузау од Романија; Татабања од Унгарија; Нилуфер од Турција и Карвина од Чешка.

Првите четвртфинални натпревари треба да се играат на 28 или 29.март, а реванш дуелите се на 4 или 5.април. мн/

Фото: Фејсбук ГРК Охрид

 

Остани поврзан