Раиконен ќе го пропушти ГН на Холандија поради позитивен тест на коронавирус
- Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, е позитивен на коронавирус, објави прес -службата на Формула 1.

Зандворт, 4 септември 2021 (МИА) - Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, е позитивен на коронавирус, објави прес -службата на Формула 1.
Така, 41-годишниот Финец нема да може да учествува на Големата награда на Холандија.
Алфа Ромео објави дека резервниот пилот, 36-годишниот Роберт Кубица ќе го замени Раиконен.
Главната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Холандија ќе се вози утре од 15 часот. зс/