• недела, 22 декември 2024

Разрешен медицинскиот директор на Токсикологија, МЗ тврди поради неправилности во работата

Разрешен медицинскиот директор на Токсикологија, МЗ тврди поради неправилности во работата

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Медицинскиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје, Данил Петровски беше разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Тој и по разрешувањето ќе продолжи да работи на Клиниката, појаснуваат од Министерството за здравство за МИА.

Петровски претходно денеска во изјава за МИА рече дека не е изненаден, бидејќи министерот за здравство Илир Демири веќе го најави неговото разрешување. За разрешувањето од функцијата, Петровски дознал денеска од вработени на Клиниката за токсикологија.

Вработени на Клиниката за токсикологија минатиот месец на прес-конференција се пожалија дека оваа клиника веќе неколку години е на маргините, дека во рок за шест години се сменети пет директори, а со организациската директорка - Бесија Иљази, дипломиран економист, назначена на 12 февруари годинава, се соочувале со отпор и несоработка.

Доктор Нико Беќаровски рече дека во неколку наврати, побарале вработување за двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Наспроти тоа, како што рече, од директорката се инсистира да бидат примени сите 18 лица на кои им истекоа договорите, иако ставот на лекарскиот колегиум е  дека немаме потреба од толкав број нови примања.

Беќаровски кажа дека меѓу 18-те лица за кои Иљази барала да се вработат со договор на дело, имало и болничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина.

Како што рече Беќаровски, немаат комуникација со директорката, бидејќи, посочи дека „таа не го знаела македонскиот јазик“, а имал обиди со неа да разговара на англиски. Комуникацијата, додаде Беќаровски, била преку преведувач, кој бил дел од тие 18 лица, па докторот рече дека не знаат дали точно се пренесувало тоа што го зборувале и обратно, дали точно им се преведува нејзиното говорење.

Иљази даде изјава за медиуми истиот ден, но, само на албански јазик.

На новинарско прашање зошто организациската директорка на Токсикологија не даде изјава на македонски јазик, туку само на албански, додека новинарите беа на Клиниката за токсикологија, министерот Демири кажа дека самиот рекол да не се даваат изјави.

- Оти ако ме забележувате, колку сум воздржан во тоа што го кажувам. Ако има потреба, ќе даде и со преведувачи, одговори Демири.

Министерот за здравство на 22 април на прес-конференција најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Петровски. Тој рече дека пред извесен период бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано, 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа.

Демири посочи дека тој ден потпишал решение со кое бара длабоко истражување од надлежните институции во врска со вработувањата во јавното здравство.

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министеро

На 26 април, прашан за болничарот кој требало да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа во предизборие сме, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

Тој информираше и дека „хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана“.

- Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави тогаш министерот за здравство.

Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не. 

Вработени од Клиниката претходно изјавија дека ноќта пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории во објектот. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем било тоа што Клиниката не е осигурена.  

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клин

На 2 мај, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска информираше дека Инспекторатот ќе издаде решение со што на здравствените работници, кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија, ќе им биде забранет пристап на оваа клиника. Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки.

Како што појасни таа, менаџментот на Клиниката не постапил по мерките што ги издал ДЗСИ, освен по една точка да се свика Управниот одбор.

- ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме. Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, изјави Младеновска.

Доколку не се постапи и по ова решение, Младеновска рече дека следуваат парични казни за организацискиот и за медицинскиот директор, како и за самата Клиника.

Со организациската директорка, како што рече Младеновска, разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик.

Петровски беше директор на Клиниката за токсикологија од 15 декември минатата година до денеска. бд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан