• сабота, 21 декември 2024

Размена на искуства во привлекувањето на странски инвестиции со Канцеларијата за инвестиции на Република Турција

Размена на искуства во привлекувањето на странски инвестиции со Канцеларијата за инвестиции на Република Турција
Скопје, 18 март 2021 (МИА) - Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Турската канцеларија за инвестиции во рамки на Претседателството на Република Турција денеска со посредство на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), оддржа видео конференција за размена на искуства на полето на промоција и привлекување странски инвестиции. Како што информираат од Агенцијата, на целодневниот настан, од страна на учесниците од двете институции, беа разменети корисни информации за институционалните рамки и начинот на промоција и привлекување на инвестиции, предизвиците со кои се соочуваат агенциите во услови на ковид кризата, како и позитивни искуства и практики. Дополнително, претставниците на Турција ја претставија нивната нова стратегија за странски директни инвестиции (СДИ), додека, пак, претставниците на Агенцијата ги претставија  активностите за промоција и поддршка на извозните потенцијали на македонските компании. Од настанот произлезе заклучок дека ваквите програми за размена на искуства се само почетна точка за градење на идна поблиска соработка. Со цел продлабочување на соработката, беше договорено да отпочнат активности за потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу двете институции. Најавена е и посета на турска делегација на Агенцијата кога за тоа ќе има услови, во контекст на ковид пандемијата. вј/нд/

Остани поврзан