• петок, 22 ноември 2024

Разбојници украле стотици ролни тоалетна хартија во Хонг Конг

Разбојници украле стотици ролни тоалетна хартија во Хонг Конг
Лос Анџелес, 17 февруари 2020 (МИА) - Разбојници со ножеви украле 600 ролни тоалетна хартија во Хонг Конг, во вредност од околу 130 долари. Жртва на грабежот бил доставувачот на стоката. - Тројцата напаѓачи вооружени со ножеви почнале да му се закануваат на доставувачот, при што му одзеле тоалетна хартија со вкупна вредност од над 900 јуани, изјави гласноговорникот на полицијата. Во Хонг Конг деновиве владее недостиг од тоалетна хартија поради паничното купување намирници предизвикано од стравот од коронавирусот. На повеќе места луѓе чекаат во редици пред продавниците. Освен хартија, граѓаните масовно купуваат и ориз, тестенини и средства за чистење. Заштитни маски и ракавици речиси и да не можат да се најдат. Слична паника настана и во Сингапур, каде што се потврдени 75 случаи на зараза со коронавирусот. си/сд/

Остани поврзан