• недела, 22 декември 2024

Разбиена мрежа што издавала нелегални градежни дозволи на Халкидики-21 уапсен и откриени еден милиони евра

Разбиена мрежа што издавала нелегални градежни дозволи на Халкидики-21 уапсен и откриени еден милиони евра

Атина, 10 декември 2024 (МИА) – Во акција на грчката полиција, разбиена е криминална група на Халкидики што издавала нелегални градежни дозволи, но и примала мито за побрзи услуги, при што уапсено е 21 лице, меѓу кои и поранаешен градоначалник, инженери и вработени во канцелариите за урбанистичко планирање, а биле пронајдени и еден милион евра, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, акцијата е во тек и не е исклучена можноста да има и дополнителни апсења, а истрагата на полицијата траела најмалку шест месеци и ги опфаќа секторите за урбанистичкото планирање на општините Ситонија и Пропонтида на Халкидики.

Случајот почнал да се истражува по пријава од инженер во однос на процесот на издавање урбанистичко-плански дозволи. ср/

Остани поврзан