• недела, 22 декември 2024

Радев: Очекувам во бугарската политика конечно да надваледат разумот и принципите

Радев: Очекувам во бугарската политика конечно да надваледат разумот и принципите

Софија, 2 април 2023 (МИА) - Очекувам во бугарската политика конечно да надвладеат разумот и принципите, кои на прво место ќе ги стават интересите на граѓаните и иднината на државата, изјави денеска пред новинарите бугарскиот претседател, Румен Радев, кој своето право на глас го оствари во Софија и притоа гласаше машински.

-Најважно е денеска да се гласа. Ја користам оваа прилика да ги повикам Бугарите да излезат и да гласаат за да не дозволат некој друг да одлучува за нив, додаде шефот на државата.

„Легитимитетот на следниот парламент и влада зависи од излезноста на гласачите, од кои очекуваме важни одлуки“, посочи тој.  сд/

Остани поврзан