• петок, 05 декември 2025

Работна посета на заменик-министерот Исени на Полициско одделение Теарце

Работна посета на заменик-министерот Исени на Полициско одделение Теарце

Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска остварил работна посета на Полициското одделение во Теарце.

Како што соопшти МВР, средбата е продолжение на редовните работни состаноци што заменик министерот и неговите соработници ги одржуваат во секторите за внатрешни работи и полициските единици во земјата.

Заменик-министерот Исени одблизу се запознал со безбедносната состојба во регионот на Полициско одделение Теарце, при што биле нагласени трендовите на разните видови криминал и активностите кои се преземаат за негово сузбивање.

За време на средбата биле разгледани и конкретни области на заедничката работа од безбедносен аспект, при што беа анализирани и нови модалитети на работа.

Од МВР додаваат дека на крај била изразена силна подготвеност за уште поблиска соработка, сè со цел исполнување на мисијата на Министерството за внатрешни работи - да обезбеди владеење на правото и безбедност за сите граѓаните на целата територија на Република Северна Македонија. нд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан