Работилници во Битола со Метју Пулет, театарски експерт од Франција
- Метју Пулет, театарски експерт од Франција, во Битола приреди серијал работилници за млади на тема „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“.
Битола, 20 октомври 2025 (МИА) - Метју Пулет, театарски експерт од Франција, во Битола приреди серијал работилници за млади на тема „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“.
Работилниците ги следеа ученици по француски јазик од Битола кои низ креативни работилници и специјално креирана апликација Faune, се здобија со поинакво дигитално уметничко искуство и пристап кон учењето на јазикот.
Во рамки на проектот се одржаа работилници за професорите по француски јазик за употреба на театарски техники при изучување на францускиот јазик, како и за ученциите по француски јазик и мултимедијално искуство на кои им беше овозможен разглед и интерпретација на изложба поместена во ООУ „Климент Охридски“ во Битола.
Едукативниот проект „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“ го организираа ЦКД Битола, Француската алијанса од Битола во соработка со Францускиот институт во Скопје. мт/мд/
Фото: ЦКД Битола