• понеделник, 25 ноември 2024

Работилница за улогата на граѓаните во планирање на јавните простори и придонес за подобри општини

Работилница за улогата на граѓаните во планирање на јавните простори и придонес за подобри општини
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) – Здружението КАЖИ КОГА – Центар за инклузивен развој Скопје денеска организира работилница во рамки на проектот „Наш град“, поддржан од Амбасадата на САД. Проектот има за цел да им овозможи на граѓаните преку примери како можат на различни начини да бидат вклучени во планирањето на јавните простори и како можат да придонесат за подобри општини. - Улогата и функцијата на една општина е да одговара на потребите на граѓаните, потребите и ставовите на експертите, тие кои најдобро се разбираат со прашањата поврзани со урбанизмот. Потребно е да ги вклучиме и невладините организации, универзитетската заедница за да најдеме се похумани решенија во делот на урбанизмот и искористување на јавните простори, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Муцунски додаде дека на негова иницијатива, усвоена од Советот на Општина Аеродром, во процес е бришење на две маркици за општинска и станбена зграда, со што локацијата ќе биде пренаменета во парк. - Таквата пракса во Општина Аеродром ќе продолжи и во следниот период. Улогата и функцијата на општината е да обезбеди поефикасен систем на јавни работи и меѓу другото тоа вклучува обезбедување на пофункционални простори што се наменети за рекреација, поврзани се со зеленилото и похумано живеење, најави градоначалникот. Работилницата продолжи со претставување на програмата од страна на претставник на Амбасадата на САД, Надица Закула. Во првиот дел од работилницата ќе се дискутира за концептот „Placemaking“, урбанистичко својство на јавните простори и одржливо градско управување. Во вториот дел учесниците ќе дискутираат за историски осврт на Скопје, Аеродром и Кисела Вода, детален урбанистички план и микро и макро предизвици. Проектот „Наш град“ се спроведува од 20 август 2021 година до 20 февруари 2022 година. Активностите на проектот вклучуваат состаноци, дискусии, работилници наменети за локалните жители вклучително и за младите во општините Аеродром, Кисела Вода и градот Делчево. ки/лв/

Остани поврзан