• петок, 22 ноември 2024

Пјаниќ кариерата може да ја продолжи во Саудиска Арабија

Пјаниќ кариерата може да ја продолжи во Саудиска Арабија
Мадрид, 2 јули 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Интерес за играчот покажува тимот на Ал-Наср, објави „Sport.es“. Неодамна, Руди Гарсија, кој работеше со Пјаниќ кога двајцата ја претставуваа Рома, ја презеде функцијата главен тренер на овој тим. Барселона е подготвена да го ослободи 32-годишниот фудбалер за да заштеди на неговата висока плата. Пјаниќ минатата сезона играше за Бешикташ на позајмица. За турскиот клуб одигра 26 натпревари и даде четири асистенции. Неговиот договор со Барселона истекува во јуни 2024 година. Порталот „Трансфермаркт“ го проценува играчот од средниот ред на 11,5 милиони евра. зс/

Остани поврзан