• недела, 22 декември 2024

Пуштен во употреба нов цевковод со кој вода за пиење се обезбедува за Синичане

Пуштен во употреба нов цевковод со кој вода за пиење се обезбедува за Синичане
Тетово, 5 ноември 2020 (МИА) - Жителите во населеното место Синичане во Општина Боговиње од денесka вода за пиење ќе добиваат преку новиот цевковод изграден изминатите  некоку месеци. Во јули и август изградбата на овој цевковод беше причина за несогласувања помеѓу Синичане и Урвич, поради користење на планински извор за вода. Полицијата во одреден период го прекина изведувањето на работите во насока на превенција на конфликти. До надминување на проблемот дојде по интервенција на Владата.
- Проблемот се реши со волја на Владата, со волја од Урвич, Синичане и јас како градоначалник, имавме средба со тогашниот технички премиер во Влада. Располагаме со целокупната документација и така се реши.  Неколку месеци работа но и полемика и кревање прашина, но еве денес дојдовме до ситуација да пуштиме вода за пиење за населено место Синичане. На крај добија сите, се доби правда, добија од Синчане, денес имаат вода за пиење. Целта борба беше само тука да имаме вода за пиење, не беше политика ни ништо, изјави градоначаникот на Боговиње, Албон Џемаили.

Станува збор за неколку километри долга траса со цевки која од планинските извори до Синичане ќе носи 25 вода во секунда.

- Вода се користи од неколку извори но треба да се интевенира во мрежата во Синичане, како и во базенот имаме уште многу работа. Основно го немавме, да имаме вода и да работиме. Сега има вода ќе работиме на останатото, рече градоначалникот.

- Вода сме полнеле во другите села, одевме со пластики. Досега имаше вода од канал, за ништо не можеше да се користи и затоа беше оваа иницијатива, изјави Елвир Нуриши од Синичане.

Околу 330 куќи и 4 илјади жители има во Синичане.ас/фф/

Остани поврзан