Путин телефонски разговарал со Токаев за ситуацијата во Казахстан
- Рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати телефонски разговарал со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев за ситуацијата во Казахстан, јавија денеска руските новински аген
Москва, 7 јануари 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати телефонски разговарал со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев за ситуацијата во Казахстан, јавија денеска руските новински агенции, повикувајќи се на Кремљ.
- Вчера и денеска Путин разговараше и со лидерите на другите земји во воениот сојуз на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Безбедносните сили денеска ја презедоа контролата врз улиците на главниот град на Казахстан по неколкудневни насилства, а претседателот, за време на обраќањето до нацијата, издаде наредба да се отвори оган „врз терористите“ без предупредување . паг/