• среда, 22 јануари 2025

Путин: Со Украина не е договорен мир поради „човекот со чудна фризура“

Путин: Со Украина не е договорен мир поради „човекот со чудна фризура“

Москва, 19 декември 2024 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека и забранил на Украина да договори мир.

- Политиката е вештина на компромис, Русија секогаш била подготвена на преговори, посочи Путин.

Тој тврди дека во 2022 година со Киев бил постигнат договор, но „човекот со чудна фризура“, како што го нарекува поранешниот британски премиер Борис Џонсон, и забранил на Украина да потпише мировен договор.

Путин на прес-конференцијата изрази подготвеност да се сретне со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој најави дека брзо ќе стави крај на војната во Украина.

- Не знам кога ќе се сретнам со Трамп. Тој не зборува ништо за тоа. Со него не сум разговарал четири години. Секако дека сум подготвен. Кога било, посочи Путин. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан