• петок, 22 ноември 2024

Путин: Русија е подготвена за нуклеарна војна, но не брза кон неа 

Путин: Русија е подготвена за нуклеарна војна, но не брза кон неа 

Москва, 13 март 2024 (МИА) - Русија се уште е во состојба на борбена готовност и е целосно подготвена за нуклеарна војна, но во моментов нема брзање кон неа, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за руските државни медиуми, Путин, кој на 24 февруари 2022 година почна сеопфатна инвазија врз Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори од 15 до 17 март, во интервуто кажа дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен.

-Од воено-техничка гледна точка, ние, се разбира, сме подготвени, изјави Путин за телевизијата „Русија-1“, одговарајќи на прашањето дали земјата е навистина подготвена за нуклеарна војна.

Тој додаде дека САД разбираат дека доколку распоредат американски војници на руска територија или во Украина, Русија тој чекор ќе се третира како интервенција.

-Во САД има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото одвраќање. Затоа, не мислам дека сите овде брзаат кон тоа (нуклеарен конфликт), но ние сме подготвени за тоа, рече Путин.

Тој повтори дека употребата на нуклеарно оружје е специфицирана во нуклеарната доктрина на Кремљ, чија политика ги одредува околностите во кои Русија би можела да го користи своето оружје.

-Оружјето постои за да се користи. Ние имаме свои принципи, кажа рускиот претседател.

Доколку САД извршат нуклеарни тестови и Русија би можела да го стори истото, додаде тој во долгото интервју.

-Не е потребно... сè уште треба да размислуваме за тоа, но не исклучувам дека можеме да го сториме истото, изјави Путин, и додаде дека дека Русија никогаш не се соочила со потребата да употреби нуклеарно оружје во Украина, каде конфликтот беснее од февруари 2022 година. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан