• петок, 22 ноември 2024

Путин планира изградба на железница на Арктикот

Путин планира изградба на железница на Арктикот
Москва, 15 јануари 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин и наложи на владата да даде предлози за изградба на железница што ќе води до брегот на Баренцовото Море, на северозапад од земјата, во обид Москва да го развие Арктикот. Путин го стави целиот арктички регион на врвот на своите стратешки приоритети и нареди големи инвестиции во воената инфраструктура и ископување руда. Рускиот претседател побара од премиерот Михаил Мишустин „да даде предлози за изградба на железничка врска до Баренцовото Море“, соопшти Кремљ. Рокот за поднесување на предлозите е 10 мај. Железницата би завршила во базата Индиго, во арктичкиот регион Ненец, каде Русија планира да изгради пристаниште што ќе биде отворено во текот на целата година. Во 2018 година Финска и Норвешка заеднички соопштија дека планираат да изградат арктичка железница, што би се протегала од северна Финска до брегот на Баренцовото Море. Развојот на Северниот морски пат е тесно поврзан со пробивот на Русија на Арктикот и затоа Москва инвестираше големи суми во флота од мразокршачи и танкери. сд/

Остани поврзан