• недела, 22 декември 2024

Путин и кинескиот премиер Ли Чијанг на средба во Москва за продлабочување на партнерството

Путин и кинескиот премиер Ли Чијанг на средба во Москва за продлабочување на партнерството

Москва, 21 август 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва се сретна со кинескиот премиер Ли Чијанг, кој посочи дека Кина е подготвена да работи со Русија на зајакнување на сеопфатната практична соработка и подобрување на меѓусебното партнерство.

На средбата присуствуваа шефот на руската дипломатија ,Сергеј Лавров, рускиот амбасадор во Кина, Игор Моргулов, вицепремиерот Дмитриј Чернишенко, како и помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, пренесуваат руските медиуми.

Ли претходно се сретна со рускиот премиер Михаил Мишустин, со кого разговараше за актуелни прашања во развојот на билатералните односи со акцент на практичната соработка, хуманитарната и меѓурегионалната размена.

Шефот на руската влада на средбата истакна дека е важно Москва и Пекинг да ги концентрираат своите напори на заштита на заедничките интереси.

-Нашите земји развија големи заеднички планови, проекти во економската и хуманитарната сфера и се надеваме дека вака ќе биде уште многу години, рече Путин.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан