Путин го потпиша указoт за одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот во странство
- Во случај на конфискација или ограничување на правата на руски имот во странство, се воведува надворешно управување со имотот на непријателските земји во Русија, пренесе Тасс.
Москва, 26 април 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот во странство.
Во случај на конфискација или ограничување на правата на руски имот во странство, се воведува надворешно управување со имотот на непријателските земји во Русија, пренесе Тасс.
Како што е наведено, привременото управување со овие средства може да биде прекинато со одлука на претседателот на Русија.
Списокот на средства што ќе бидат ставени под привремено управување ги вклучува акциите на странските акционери на енергетските компании „Унипро“ и филијалата на „Фортум“ во Русија, кои се во мнозинска сопственост на Германија и Финска. сд/