• четврток, 04 декември 2025

ПСЖ испрати понуда до Баерн за Кимих

ПСЖ испрати понуда до Баерн за Кимих


Штутгарт, 6 март 2025 (МИА) – Францускиот шампион ПСЖ испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, јави германската телевизија Скај.
Според истиот извор, ПСЖ му нуди договор на капитенот на германската репрезентација до 2029 година.
Договорот на Кимих со Баерн истекува на крајот од оваа сезона, а двете страни веќе неколку месеци водат преговори за евентуално продолжување на соработката.
Триесетгодишниот Кимих го носи дресот на Баерн од 2015 година. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан