• недела, 22 декември 2024

Професор во Берлин ја спореди вакцината против коронавирусот со холокаустот, треба да плати 3.000 евра казна

Професор во Берлин ја спореди вакцината против коронавирусот со холокаустот,  треба да плати 3.000 евра казна

Берлин, 5 јануари 2023 (МИА) - Професор во Берлин е казнет со 3.000 евра поради поттикнување омраза споредувајќи ја вакцината против коронавирус со холокаустот. 

Обвинетиот професор (62), кој предавал во стручно училиште, во 2021 година објави видео на онлајн платформа на кое се гледа врата на нацистички концентрационен логор, а наместо озлогласениот слоган „Arbeit macht frei“ (работата ослободува) што се наоѓаше на влезот во таквите логори, тој стави „ Impfen macht frei“ (вакцинацијата ослободува).

Според обвинението, во друго видео тој ги споредил мерките на германската Влада за борба против коронавирусот со холокаустот.

„Поистоветувањето на историската неправда со мерките против коронавирусот „е банализирање, секоја друга интерпретација е пресилна“, рече судијката, повикувајќи се на претходна одлука на Уставниот суд во Берлин во сличен случај.

Судијката рече дека очекува обвинетиот да поднесе жалба на пресудата.

Градот го отпушти професорот во август 2021 година, поради што тој започна постапка пред работниот суд. Нему му беше доделена отпремнина од 72.000 евра, но судот за работни односи одлучи дека не е разумно да се очекува Берлин да му дозволи да се врати на своето работно место. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан