• недела, 22 декември 2024

Протести во Абхазија, демонстрантите бараат оставка од претседателот Хаџимба

Протести во Абхазија, демонстрантите бараат оставка од претседателот Хаџимба
Москва, 9 јануари (МИА) - Стотици демонстранти во Абхазија денеска ја опколија канцеларијата на претседателот Раул Хаџимба, барајќи негова оставка. Демонстрантите бараат оставка од Хаџимба, кој во септември беше избран за претседател на Абхазија, со втор петгодишен мандат. Тие се обидоа да влезат во зградата на претседателската администрација во Сухуми, при што дојде до тепачка со чуварите. Канцеларијата на Хаџимба го осуди протестот како обид за државен удар. паг/

Остани поврзан