Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце
- Полициски службеници од СВР Тетово вчера на место викано „Лапуф“ на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива.

Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера на место викано „Лапуф“ на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива.
- Според сопственикот на нивата С.У. (67) од тетовско Теарце, таа повеќе години не била обработувана, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мс/сп/