Пронајдени граната и минофрлач во атар на селото Алинци
- Во ОВР Прилеп вчера било пријавено дека на место викано „Џаферица“ во атар на селото Алинци, прилепско, биле пронајдени граната и минофрлач.

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Во ОВР Прилеп вчера било пријавено дека на место викано „Џаферица“ во атар на селото Алинци, прилепско, биле пронајдени граната и минофрлач.
Како што информираат од МВР, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од местото безбедно биле подигнати една граната Ф 105 мм германско производство и еден минофрлач 62мм, кои потекнуваат од Првата светска војна. бт/нд/
Фото: МИА архива