Пронајдени безживотно тело на нуркач и 50 килограми кокаин во Нов Јужен Велс
Сиднеј, 10 мај 2022 (МИА) - Австралиската полиција започна истрага откако крај безживотното тело на нуркач во Нов Јужен Велс, пронајдени се 50 килограми непозната супстанца.
Реката Хантер го исфрлила телото на брегот, близу Њукасл, а за супстанцата се верува дека е кокаин, чија вредност на црниот пазар достигнува до околу 20 милиони австралиски долари, или 14 милиони американски долари.
- Се обидуваме да утврдиме дали има поврзаност меѓу двата инцидента. Можеби има, но, ние водиме истрага со отворен ум за можните опции, изјави детективскиот полициски началник на Нов Јужен Велс, Роберт Кричлоу. бд/сд/