• четврток, 25 декември 2025

Пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Струмица, 24 декември 2025 (МИА) - Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица.

Веста за МИА ја потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица. Според пријавеното, на местото излегол јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на судска медицина.

Од полицијата повеќе детали за случајот најавуваат за подоцна. рт/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан