• вторник, 02 јули 2024

Пронајдена дрога во кичевско, приведени три лица

Пронајдена дрога во кичевско, приведени три лица

Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, вчера околу 18:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Р.С.(46) од Охрид Ј.Т.(40) и Г.Ш.(39), двајцата од Скопје.

-При преглед во во возилото „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.С., а сопатници биле Ј.Т. и Г.Ш., полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, пари во различни валути и апоени и други предмети. Денеска (08.07.2022), врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во домот на Р.С.(46) од Охрид, при што биле пронајдени и одемени марихуана, пластичен шприц со течна материја, метална дробилка и други предмети. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, се, соопшти МВР. дма/лв/

Остани поврзан