• вторник, 13 мај 2025

Промоција на сликовницата „Потрага по храброст“ на Биљана Стојановска

Промоција на сликовницата „Потрага по храброст“ на Биљана Стојановска

Скопје, 27 април 2025 (МИА) – Во КСП Центар „Јадро“ денеска ќе се одржи промоција на сликовницата „Потрага по храброст“ од авторката Биљана Стојановска со илустрации на уметникот Владимир Лукаш.

Како што стои во соопштението на издавачката куќа „Чудна шума“, промотор на сликовницата ќе биде Билјана Црвенковска, додека извадоци ќе читаат младите читатели Давид Ангелкоски (10) и Исак Стојановски (6).

Промоцијата ќе се заокружи со музички настап на ВИС „Тркалезна маса“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски, Владимир Лукаш и Биљана Стојановска.

Сликовницата е во издание на „Чудна шума“.

– „Потрага по храброст“ е сликовница која зборува за потрагата по храброст и самодоверба, наменета за најмалите читатели. Малата ластовичка Верка е последна од ластовичките во гнездото што сѐ уште не научила да лета. Откако мајка ѝ ќе ѝ каже дека треба да ја пронајде храброста за да полета, Верка поаѓа во потрага. Потрага по храброст, велат од „Чудна шума“. ра/цр

Фото: „Чудна шума“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан