• петок, 22 ноември 2024

Промоција на методот „Стандардизирани менторски услуги“ за мали и средни претријатија во Тетово

Промоција на методот „Стандардизирани менторски услуги“ за мали и средни претријатија во Тетово

Тетово, 20 мај 2022 (МИА) -  Во Агенцијата за поддршка на претријатијата ЕСА Тетово денеска пред компаниите од регионот беше претставена можноста за аплицирање на Стандардизирани менторски услуги, согласно повикот на Агенцијата за поддршка на претриемништвото на Република Северна Македонија.

Ова е можност компаниите да добијат бесплатна и сеопфатна поддршка во работењето од страна на искусни ментори, метода која во Северна Македонија се применува согласно практиките од Јапонија.

-Стандардизираните менторски услуги имаат за цел поддршка во вид на бесплатно менторирање на мали и средни претријатија кои биле деловно активни во последните три години или се наѓаат во клучен момент за нивниот натамошен развој или опстанок на пазарот, посочи Неби Јусуфи од ЕСА Тетово.

Стручни лица на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) ги обучуваа менторите согласно практиките во нивната земја.

-Стручно лице ја врши менторската услуга, а заеднички со сопственикот го разгледуваат тековното работење, ги откриваат причините за актуелните проблеми или пречки за развој, ги одредуваат потенцијалите за раст и врз основа на идентификуваната состојба го подготвуваат планот за развој, односно Акцискиот план, објасни Јусуфи.Стандардизираните менторски услуги треба да се реализираат од 13 јуни 2022 до 15 ноември 2022 година. ас/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан