Промоција на видео материјали од комуникациската стратегија и кампањата „Има живот без насилство“
- Во Центарот за поддршка на социјалните претпријатија денеска ќе се одржи настан по повод промоција на видео материјали од комуникациската стратегија и кампањата „Има живот без насилство“, фокусирана на подигнување на јавната свест за родово базирано насилство врз жените.
Скопје, 27 јуни 2025 (МИА) - Во Центарот за поддршка на социјалните претпријатија денеска ќе се одржи настан по повод промоција на видео материјали од комуникациската стратегија и кампањата „Има живот без насилство“, фокусирана на подигнување на јавната свест за родово базирано насилство врз жените.
Настанот е во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Канцеларијата на УНФПА и финансиска поддршка од Британската Амбасада.
Како што информираат организаторите, на настанот ќе се обратат Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади; Даниел Филер, заменик амбасадор на Обединетото Кралство во Северна Македонија и Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија.фф/са/
Фото: МИА архива