Пролетна акција на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје во Општина Кисела Вода
- Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска извршија контрола на 45 шахти на улиците „Павел Шатев“ и „14 Декември“ во Општина Кисела Вода.
Скопје, 25 март 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска извршија контрола на 45 шахти на улиците „Павел Шатев“ и „14 Декември“ во Општина Кисела Вода.
При тоа, како што информираат од Јавното претпријатие, рачно се исчистени 37 шахти и 89 сливници, а извршено е и перење на канализациска линија со цистерна вакум и прочистување со цистерна под притисок.
Активностите се спроведени во текот на работните активности за имплементација на пролетната акција која се спроведува во соработка со сите претпријатија на Град Скопје.вј/лв/