• понеделник, 02 септември 2024

Продолжува сагата околу иднината на Хумелс

Продолжува сагата околу иднината на Хумелс

Дортмунд, 2 септември 2024 (МИА) - Сагата околу иднината на искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс продолжува, а во Италија пишува дека фудбалерот ја избрал Рома и се очекува да потпише едногодишен договор со опција за продолжување.

Преодниот рок во италијанската Серија „А“ беше затворен во петокот вечерта, но Рома се насочи кон слободните агенти и се очекува наскоро да го објави потписот и на централниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Марио Ермосо и на Германецот Хумелс.

Клаузулата за продолжување на договорот на поранешниот играч на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен би станала активна по одреден број одиграни натпревари од Матс Хумелс.

Се очекува 35-годишниот дефанзивец да заработува 2,5 милиони евра по сезона во Рома.

И на Хумелс и на Ермосо веројатно ќе им треба одреден период на адаптација пред да тргнат со полна брзина во натпреварите на римскиот гигант. дс

Фото: Архива

Остани поврзан