• петок, 22 ноември 2024

Продолжува посетата на Италија на владина делегација, градоначалници и претставници на стопанските комори од Северна Македонија

Продолжува посетата на Италија на владина делегација, градоначалници и претставници на стопанските комори од Северна Македонија
Венеција, 10 јуни 2022 (МИА) - Денеска продолжува посетата на Италија на владината делегација предводена од заменик премиерот за економски прашања, Фатмир Битики, министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, градоначалници и претставници на стопанските комори на Северна Македонија. По средбата со претедателот на Советот на метрополата Венеција, Ермелинда Дамиано, вице премиерот Битики, министерот Чупи и Мунир Шемси, претседател на Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“, ќе одржат прес конференција за италијанските и македонските медиуми. За попладне е закажана работна средбана на претставници на македонските стопански комори со Унијата на стопанските комори на Италија, а посетата завршува со организирање на бизнис форум меѓу стопанственици од двете земји и присуство на претставници на регионалните власти на регионот Венето. Посетата на македонските претставници и средбите ги организираа Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“ и Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција.рт/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан