• недела, 22 декември 2024

Продолжува броењето гласови во клучните држави во САД

Продолжува броењето гласови во клучните држави во САД
Вашингтон, 4 ноември 2020 (МИА) - Во САД продолжува пребројувањето на гласовите во неколку клучни држави, а како што наведува Си Ен Ен вниманието е насочено кон Средниот Запад - Пенсилванија, Џорџија, Мичиген, Северна Каролина и Висконсин. Според тврдењата на телевизијата Фокс њуз, Доналд Трамп во овие држави има предност, но врз основа на се уште нецелосни податоци. Телевизијата наведува дека во Пенсилванија, која има 20 електорски гласови, врз основа на 64 отсто преброени гласови, актуелниот претседател Трамп има 55,75 отсто од гласовите (2.965.636 гласови), а демократот Џо Бајден има 700.000 гласови помалку (43,06 отсто). Во Северна Каролина (15 електорски гласови) Трамп го делат неколку десетици илјади гласови од конечната победа. Врз основа на 94 проценти преброени гласови, Трамп освоил 50,09 отсто (2.732.104 гласови), а Бајден 48,69 проценти (2.655.392 гласови). Тесна е борбата во Џорџија (16 електорски гласови), каде Трамп има 102.000 гласови повеќе од Бајден, објави Фокс њуз. По преброени 94 отсто од гласовите, Трамп освоил 50,48 проценти (2.380.946 гласови), а Бајден 48,30 отсто (2.278.123 гласови). Во Мичиген (16 електорски гласови) односот, исто така, е во корист на Трамп, но ситуацијата е тесна, бидејќи по преброени 78 отсто од гласовите разликата е 220.000 во корист на Трамп. Републиканскиот кандидат освоил 52,06 отсто (2.183.595 гласови), а неговиот противник, демократот Бајден, 46,33 проценти (1.943.254 гласови). Неизвесно е и во Висконсин (10 електорски гласови), без разлика на предноста на Трамп, кој засега освоил 51,05 отсто (1.539.115 гласови), а Бајден 47,44 отсто (1.430.083 гласови). Победник на изборите во САД ќе биде кандидатот кој ќе освои најмалку 270 електорски гласови, а Бајден моментно води со резултат 220 наспроти 213. гт/

Остани поврзан