• петок, 22 ноември 2024

Продолжува амандманската расправа за Предлог буџетот за 2024 година

Продолжува амандманската расправа за Предлог буџетот за 2024 година

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и  буџет денеска напладне треба да ја продолжи амандманската расправа по Предлог буџетот за 2024 година. 

Досега се разгледани 82 амандмани од вкупно поднесени 272, од кои 250 се од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. 

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година.  Вкупните расходи се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или се за 5,8 отсто повисоки во однос на 2023 година. За плати проектирани се 41,2 милијарди денари, за стоки и услуги планирани е износ од 25,3 милијарди денари, за тековни трансфери и субвенции 215,3 милијарди денари. За социјални трансфери проектирани се 161,1 милијарди денари, од кои за исплата на пензии 83,6 милијарди денари, за надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението околу 13,2 милијарди денари. Растот на економијата е проектиран на ниво од 3,4 отсто, а инфлацијата на ниво до 3,6 отсто. 

Во Собранието денеска седници треба да одржат и Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.лв/са/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан