Продолжение на 88. собраниска седница, на дневен ред законите за справување со енергетската криза
- Во Собранието денеска треба да продолжи расправата на 88. седница по точките на дневен ред, меѓу кои се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза и законите за здруже

Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Во Собранието денеска треба да продолжи расправата на 88. седница на која меѓу преостанатите точки на дневен ред се и законите поврзани со мерките за справување со последиците од енергетската криза и законите за здруженија и фондации и за политичките партии.
На дневен ред на пленарната седница е Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка, како и Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Меѓу точките на дневен ред се и Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за енергетика, на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка. Тука се и Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита, на законот за заштита на децата, по скратена постапка, Предлог-законите за изменување на законот за јавните претпријатија, како и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. мс/лв/