• петок, 05 декември 2025

Пробиштип со рекордна излезeност во споредба со општините од истокот, каде има втор круг на локални избори

Пробиштип со рекордна излезeност во споредба со општините од истокот, каде има втор круг на локални избори

Пробиштип, 2 ноември 2025 (МИА) - Во Пробиштип излезеноста во 15 часот е 49,04 отсто од вкупниот број на избирачи.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Пробиштип Јорданчо Димитриев вели дека и во овој четврти пресек на излезеност имаат поголема излезеност во споредба со првиот круг од локалните избори или за четори отсто повеќе гласачи излегле денеска на гласање во вториот круг на изборите.

Во источна Македонија се гласа во шест општини, а токму Пробиштип е градот каде во вториот круг на изборите има рекордна излезеност во споредба со Виница, Чешиново-Облешево, Кочани, Зрновци и Македонска Каменица. Мирно и без проблеми тече гласањето во Пробиштип, каде право на глас имаат 12 251 избирач.

Во источна Македонија денеска се гласа за избор на градоначалник во Пробиштип, Кочани, Чешиното-Облешево, Зрновци, Виница и Македонска Каменица. Право на глас во овие општини имаат вкупно 76 038 избирачи. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан