• петок, 22 ноември 2024

Пробиен патот до селото Герман, учениците се на настава

Пробиен патот до селото Герман, учениците се на настава
Крива Паланка, 7 февруари 2022 ( МИА) - Расчистен е регионалниот пат Општина Ранковце - село Герман, по четири дена непристапност и немање сообраќајна комуникација со општината. Расчистувањето е извршено и кон црквата и кон подрачното основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, така што, по три дена онлајн настава, од денеска учениците се вратија во училишните клупи. Жителите на ова планинско село кое се наоѓа на 1.400 метри надморска височина беа отсечени четири дена откако на 1 февруари обилните врнежи од снег формираа снежна покривка од околу 70 сантиметри. -Вработените во Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во саботата било расчистено до село П'клиште, а вчера попладне специјалното возило се проби до куќите во селото Герман. Конфигурација на теренот и навевите од снег на некои места надминуваа и метар и половина, што беше причина за бавно одвивање на работата, информира градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски. Вчера попладне на терен кај мештаните во Герман беа градоначалникот Спасовски и претседателката на Советот на Општина Ранковце, Александра Стамболиска.ид/вј/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан