Пробивање нова улица во Карпош
- Почна постапката за пробивање нова улица, „Партизанска“ 2 во Долно Нерези, општина Карпош, во близина на ресторанот „Каскада“.
Скопје, 12 јули 2021 (МИА) - Почна постапката за пробивање нова улица, „Партизанска“ 2 во Долно Нерези, општина Карпош, во близина на ресторанот „Каскада“.
Како што информира Општина Карпопш, се работи за нова сообраќајница во должина од 90 метри, која ќе има две сообраќајни ленти и странични тротоари за движење на пешаците. Во должина на улицата предвидено е поставување и на ново јавно осветлување.
Овој проект го финансира „ТАВ МАКЕДОНИЈА“, со средства во висина од 2.235.347 денари, со вклучен ДДВ.
Ова е втор договор кој локалната самоуправа го склучува со „ТАВ МАКЕДОНИЈА“, откако претходно градоначалникот Стефан Богоев го потпиша договорот за реконструкција на плочникот во Порта Влае.
Општина Карпош соопшти дека во текот на летото почнуваат активностите за отстранување на старите плочки и поставување на нови гранитни плочи, како и нова хидроизолација. Во првата фаза, ќе биде обновена површина од плочникот од 6.000 метри квадратни. мд/сп/